Битиќи вели дека треба уште време за да се искоренат остатоците на режимот на Груевски во судството

Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи/ Фото: Facebook

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на ТВ „Клан“ ги коментираше неодамнешните анкети, според кои довербата на граѓаните во судството и понатаму е ниска.

Според Битиќи, во институциите сѐ уште има „остатоци од поранешниот режим на Груевски“.

„Таа моќ со која толку упорно се боревме, имаше многу длабоки корени, а за да се поништи такво нешто, потребен е малку подолг период. Сè уште гледаме дека, иако има промена на власта, во различни институции превладува она што го видовме во периодот 2006-16 година“, рече Битиќи во емисијата „Клан Дебата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот