Битиќи: Административците кои земаат неплатен одмор за да работат во странство, кога ќе се вратат нека продолжат со работа во приватниот сектор

Фатмир Битиќи, вицепремиер/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Административците кои користат неплатено отсуство по 3 месеци за да работат во странство, по нивното враќање да се вработат во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Имам еден друг предизвик. Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби“,вели Битиќи

Битиќи вели дека државата ќе помогне да го стимулира овој процес со субвенционирање на придонесите.

Инаку Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вчера изрази жалење што во повеќе институции вработените бараат неплатен одмор, заминуваат на неколку месеци во странство и дел од нив по неколку години остануваат таму. Посочи дека неплатениот одмор законски им следува на вработените, а од друга страна, како што рече, се ограничени.

„Менаџерите на институциите треба да имаат предвид дека работата не смее да биде заглавена во нашите институции“, рече Алиу.

Алиу: Административци земаат неплатен одмор и заминуваат во странство, а дел од нив таму остануваат и по неколку години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот