Било тензично во соблекувалната: Павар на „удар“ на соиграчите, Дешам потврди дека бил ужасен

Фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Дел од фудбалерите на француската репрезентација го посочиле Бенџамин Павар како слаба алка во составот на Франција, пренесува „Л’Eкип“.

Реномираниот француски медиум пренесува дека дел од репрезентативците се свртеле против Павар и побарале тој да биде седнат на клупата за резерви. Прв кој пред сите му се обратил бил Усман Дембеле, а по тоа се создала тензична атмосфера. Во одбрана на Павар застанал неговиот клупски соиграч Кингсли Коман.

Коман потврди дека разговарал со Павар по натпреварот.

„Разговарав со Бенџамин по натпреварот. Тој е фудбалер кој работи многу и полн е со мотивација. Не сум загрижен затоа што знам дека ќе биде најдобар кога е најпотребно“, изјави Коман.

За оваа ситуација зборуваше и селекторот Дидие Дешам кој ги потврди информациите дека во соблекувалната имало жестока дискусија.

„Да, точно е. Имавме жестока дискусија. Работите сега се решени, нормално е да се случуваат такви работи. Што јас му кажав на Павар? Му ја кажав вистината, одигра ужасно и самиот е свесен“, изјави Дешам.

Франција во третото коло од групната фаза на Мундијалот беше поразена од Тунис, но тоа не влијаеше на конечниот исход на табелата затоа што Французите претходно со победите во првите две кола го обезбедија осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот