Фото: Приватна архива

Бил избран за општински советник во хрватски град со само еден глас – својот

Победникот на советничкото место во Мурско Средишќе, којшто го претставува ромското малцинство во градот, призна дека е емотивен и дека секогаш оди со срце. Тој сакал да им пркоси на „оние што му ги украдоа гласовите“. А и подобро што Ромите не излегоа во неделата на избори, врнеше дожд, така јас сам за себе гласав, заклучи Милорад Михановиќ.

Милорад Михановиќ доби советничко место на локалните избори во Мурско Средишќе, Хрватска, со само едно важечко гласачко ливче — неговото.

Во Мурско Сридишче се избираше член на Градскиот совет од редовите на ромското национално малцинство. Право на глас имаа 270 Роми, но излегоа само четворица. Три гласачки ливчиња беа неважечки, а со единственото важечко ливче Милорад Михановиќ беше избран за нов градски советник, објави „Загорје интрнешнал“.

– Вистина е дека јас на моите Роми им реков да не излегуваат во Мурско Сридишче на избори, во знак на протест! Зошто? Бидејќи на изборите за заменик жупан бев покраден. Не ми помогнаа ниту Државната изборна комисија, ниту Жупаниската изборна комисија, а очигледно беше дека стануваше збор за изборна измама. Затоа сакав да покажам како со еден глас, протестен, мојот, може да се влезе во Градскиот совет на Град Мурско Сридишче. И на жена ми ѝ реков да не оди да гласа – изјави Михановиќ.

За малата излезност го обвинува заменикот жупан Елвис Краљ.

– Во Ореховица, Коториба и Домашинец видоа дека не можат да се борат против политиката на заменикот жупан, па уште на почетокот се откажаа од кандидатура – тврди Михановиќ, кој уште на изборите во мај се кандидираше за Градскиот совет, покрај позицијата заменик жупан, но му недостасуваа неколку гласа за тогаш да стане градски советник.

На дополнителните избори беше единствениот кандидат, па знаеше дека ќе победи…

– Јас сум емотивен, секогаш одам со срце. Сакав на оние што ми ги украдоа гласовите да им пркосам. А и подобро што Ромите не излегоа во неделата на избори, врнеше дожд. Така јас сам за себе гласав – заклучи Михановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот