Бидете внимателни со количината на внесен селен во организмот

Неколку научни истражувања докажале дека пестицидите кои секојдневно ги внесуваме заедно со храната, многу влијаат врз опаѓањето на имунитетот. Се смета дека пестицидите негативно влијаат врз формирањето на белите крвни зрнца што од друга страна значи дека тие нема да имаат моќ да се борат против инфекциите и болестите што го нападнато телото.

Вашиот имунолошки систем е еден вид штит кој има улога да го брани телото и да не дозволува во него да „навлезат“ штетни бактерии и вируси кои понатаму дополнително можат да го нарушат здравјето.

Доколку вашиот имунолошки систем е во добра состојба, телото исклучително умешно ќе се бори против инфекциите. Но, од друга страна, доколку имунолошкиот систем е „паднат“ поради одредени болести, подолги стесни ситуации или поради намален внес на витамини и минерали во телото, треба да поработите на негово зајакнување.

Јадете разновидна и балансирана храна

Доколку подолг временски период сте на диета или постојано сте болни, сега е вистинскиот момент да се обидете вашиот имунолошки систем да го зајакнете, бидејќи тој за време на строгиот диетски режим или пак при подолго боледување, се намалува речиси за 50 отсто. Имено, кога сте болни или кога сте на диета, свесно избегнувате да јадете масна и висококалорична храна со што во голема мера му правите услуга на вашиот имунолошки систем.

Сепак, доколку свесно или несвесно избегнувате консумирање одредени здрави намирници какви што се месото, рибата, овошјето или пак зеленчукот поради тоа што во нивниот состав има маснотии или пак шеќер, или пак едноставно не ви се допаѓа нивниот вкус кога не се чувствувате добро, веднаш обидете се да го промените тоа и да започнете со врес на разновидна храна.

Клучот на здравиот имунолошки систем лежи во потребата секој од нас да се храни со разновидна храна. Затоа обидувајте се секојдневно на вашата трпеза да имате најразлична храна, а во секој оброк да доминира органски произведени овошја и зеленчуци.

Тоа е така бидејќи антиоксидантите, особено витамините А, Ц и Е, кои се наоѓаат во овие намирници, помагаат во чистењето на организмот од слободните радикали – потенцијално штетните хемикалии, кои можат да направат штета и на здравите ќелии. Експертите во оваа област сметаат дека со јадењето поголеми количества овошје и зеленчук може да се потпомогне во зголемувањето на степенот на антиоксиданти кои се наоѓаат во телото, а кои ќе помогнат во уништувањето на слободните радикали, пред да предизвикаат било каква штета.

Внимателно избирајте го месото

Голем број произведувачи на пилешко месо, додека ги одгледуваат кокошките, за побргу да ја постигнат посакуваната тежина, користат огромен број антибиотици како и хемиски додатоци во храната. Медицинските и експертите за храна веруваат дека големи количества од вака внесените хемикалии во телото на птицата, додека таа со месеци расте и се развива, остануваат во месото и откако тоа ќе се најде на трпеза, независно од тоа што претходно било термички обработено.

Според нив, токму редовното внесување ваква храна влијае врз опаѓањето на имунитетот и ги прави нашите тела отпорни на антибиотици.

Јадете помалку шеќер

Голем број истражувања покажале дека консумирањето поголеми количества шеќер помагаат во намалувањето на имунитетот иако луѓето не се свесни за тоа. Токму затоа луѓето мора да го ограничат внесот на шеќерот во исхраната и на тој начин да спречат пад на имунитетот но и зголемување на телесната тежина.

Намалете ја употребата на пестициди

Неколку научни истражувања докажале дека пестицидите кои секојдневно ги внесуваме заедно со храната, многу влијаат врз опаѓањето на имунитетот. Се смета дека пестицидите негативно влијаат врз формирањето на белите крвни зрнца што од друга страна значи дека тие нема да имаат моќ да се борат против инфекциите и болестите од кои е нападнато телото.

Размислете за зачестена употреба на пробиотици

Добрите бактерии (пробиотиците) играат важна улога во вашиот желудник и го забрзуваат целиот процес на варење на храната, притоа помагајќи да се одржи здравиот имунолошки систем. Пробиотиците спречуваат развој на штетните организми во желудникот. За вашето тело да го „наполните“ со резерви на пробиотици, јадете секој ден кисело млеко како и праз, кромид, лук, јаболки и банани.

Јадете брокула

Брокулата во својот состав содржи големи количества на хранливи материи како и витамини и минерали, вклучувајќи го тука и витаминот Ц како и сулфорафан. Тоа е материја која ги неутрализира канцерогените ќелии во организмот кои се главни причинители за развојот на ракот.

Не заборавајте да се напиете селен

Селенот не само што ќе ви го забави процесот на стареењето, туку исто така е многу силен антиоксидант, кои ги блокира слободните радикали: Секој ден потребно е да внесувате помала количина селен бидејќи поголема количина на селен би можела да биде токсична за организмот.

Покрај таблета со селен, за да го внесете овој минерал во телото можете редовно да консумирате и бразилски ореви, џигерчиња, морски плодови, интегрални житарици…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот