Би-би-си стартува радио програма за војната во Појасот Газа

Би-Би-Си BBC
Зградата на британската јавна радиодифузна корпорација Би-Би-Си во Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Би-Би-Си ќе почне итна радио програма за жителите на Појасот Газа за да одговори на потребата од информации во текот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, објавија британските медиуми, пренесе БТА.

Програмата ќе има за цел да го информира населението заглавено во палестинската енклава со актуелни вести, како и совети за безбедност и каде луѓето можат да најдат засолниште, храна и вода, објави Би-Би-Си.

-Арапскиот дел на Би-Би-Си е исклучително добро поставен да им ги понуди овие витални информации на луѓето во Газа во време на очајна потреба, рече директорката на Би-Би-Си Интернационал, Лилиан Ландер.

Со емитување од Каиро и Лондон, Радио „Газа“ ќе започне со едно емитување овој петок, со второ емитување следниот петок, на 10 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот