Бежовска уверува: Денарот е стабилен и таков ќе остане

Гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска Бежовска / фото Архива

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска денеска во интервју за ТВ 24 уште еднаш потврди дека девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. Таа ова го соопшти и по средбата со министерот за финансии Фатмир Бесими во петокот во Народната банка.

– Централната банка успешно ја одржува стабилноста на девизниот курс што говори за нејзиниот капацитет кој го има на располагање за одржување на стабилноста. Оваа монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот е соодветна стратегија во линија со фундалемнтите на македонската економија и дека Централаната банка има доволен капацитет да го одбрани курсот. Оваа потврда за стабилноста на курсот се девизните резерви кои се клучната алатка при ваков тип на монетарната стратегија кои според последно расположливите податоци изнесуваат околку 3,4 милијарди евра што е двојно повисоко ниво во однос на 2008 година на гобалата финансиска криза – децидна е гувернерката.

Инаку, почетокот на руско-украинската војна имаше  ефект врз глобалните пазари и инвеститорите. Цените на примарните производи, храната и енергенсите пораснаа, додека цените на акциите се намалија, што е очекувано однесување кај инвеститорите во вакви случаи. Ова ќе повлијае и на процесот на опоравување на глобалните синџири, со оглед на улогата на Русија и Украина во нив, како едни од најголемите производители на енергенси и жито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот