Безбедно капење во летните горештини: На кој начин се добиваат инфекции и како да се заштитите

Фото: Пекселс/ ashley-k-bowen

Покрај тоа што капењето и пливањето несомнено придонесуваат за нашето здравје, постојат и одредени здравствени ризици.

Повеќето луѓе спасот од летните горештини го бараат на базени, езера или реки и мориња. Иако пливањето несомнено придонесува за нашето здравје, постојат и одредени здравствени ризици како што се заразни болести и инфекции, на кои сме изложени при овие активности, пишува „24седам“.

Фото: Пекселс/ kindel-media

Ризикот од заразување е дотолку поголем ако водената површина е помала и помалку протечна, бидејќи полесно е да се засити со штетни материи и микроорганизми кои потекнуваат од жива или нежива природа или пак од самите капачи. Според тоа, од природните водни површини за капење, морето е најбезбедно, за што придонесува и присуството на морската сол, а најнеповолни се малите непроточни води.

Базените можат да бидат беспрекорно чисти доколку редовно се одржуваат, но и да бидат извор на инфекции доколку се занемари одржувањето.

Инфекциите во вода најчесто се пренесуваат преку устата, очите, носот, гениталиите, повредите на кожата или слузокожата на дишните органи.

Фото: Пекселс/ juan-salamanca

Така, на пример, со голтање вода, т.е. преку уста, може да се појават вирусни и бактериски цревни инфекции, проследени со дијареа и покачена телесна температура.

Вирусно или кламидијално воспаление на окото може да се појави преку слузокожата на окото, кои се типични болести на капачите. Преку микроповреди на кожата и слузокожата, како и преку здравата слузница на окото, човекот може да се зарази со лептоспироза (летен грип), особено по пливање во езерца и застоена вода.

Како резултат на задржување на нечиста вода во надворешниот слушен канал, може да дојде до воспаление на увото. Преку дигестивниот систем, преку видливи мукозни мембрани и со вдишување на воден аеросол, т.е. од ситни капки, човекот може да се зарази со ентеровируси, кои, меѓу другото, се причинители за серозен (вирусен) менингитис (воспаление на меките мембрани на мозокот).

Фото: Пекселс/ jennifer-polanco

Ризикот од инфекција кај возрасните и децата на училишна возраст, сепак, е многу мал, бидејќи тие обично не пијат голема количина вода, кожата е пречка за пенетрација на микроорганизмите, а самите предизвикувачки агенси обично се многу разредени во водата. Ризикот од овие инфекции е поголем кај децата до три години, бидејќи тие сѐ уште не се отпорни, а нивниот начинот на капење е добра причина за појава на повеќето инфекции (седење во плитко, засркнување, голтање вода и сл.).

За да не се заразиме, треба да избегнуваме: голтање вода, гледање во вода без маска за нуркање, предолго задржување во вода. Се препорачува да се туширате по излегувањето од водата (базен, езеро, река, море), што исто така треба да се направи пред да влезете во базенот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот