Без вода неколку улици во Ченто и во Кисела Вода

Фото: ЈП „Водовод и канализација“

Поради уличен дефект на ф80 милиметри на улицата „Палмиро Тољати” број 193 во населба Ченто, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Методија Андонов Ченто”, реонот на бараките, информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Како што додаваат оттаму, без вода поради уличен дефект на ф100 милиметри на улицата „Вера Јосиќ” број 6 во населба Кисела Вода, се и корисниците од оваа, како и од улиците „Ѓорѓи Димитров” и „Божидар Аџија”.

Според ЈП „Водовод и канализација” , прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на работите за отстранување на дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот