Без струја утре повеќе делови од Скопје

Струја / Фото: ЕПА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Ѓорче петров и Студеничани, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Добромир Хрс” и „Лазар Димитров”, а од 08:30 до 12:00 часот од улицата „Зеленгора”, Општина Кисела Вода. Исто така, од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат објектите на бул. „Гоце Делчев” во близина на Бензиската пумпа – „Макпетрол” спроти поранешниот Саем, како и околните објекти на кејот „Димитар Влахов” до зградата на МРТВ, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Драчевска” и „Студеничанска” во селото Драчево, Општина Кисела Вода, и во истиот термин од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. 60 во селото Волково, Општина Ѓорче Петров, а во периодот од 11:00 до 13:00 часот од село Студеничани (од џамијата кон училиштето), Општина Студеничани.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот