Без Манасков и Томовски: Лазаров го објави списокот за натпреварот против Луксембург

фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Луксембург кој е прв во квалификациите за Европското првенство во 2024 година кое ќе се игра во Германија.

Познат е и составот на кој ќе смета Лазаров за овој дуел. Дејан Манасков го нема поради повреда, а ќе бидеме и без Мартин Томовски.

Голот на Македонија вечерва ќе го чуваат Никола Митревски и Марко Кизиќ. Од списокот повикан ракометари отпаднаа Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ.

Против Луксембург во „СЦ Борис Трајковски“ ќе играме од 19:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот