Бесник Авдија е избран за претседател на Граѓанскиот суд и покрај анонимната претставка за наводен љубовен скандал

Според членовите, тој го поминал тестот за интегритет и нема постапка, дициплинска повреда, ниту пак кривична одговорност за да гласаат против. За снимката беше посочено дека е од 2019 година и тоа не е причина да не биде избран, кога нема утврдени факти.

Судијата Бесник Авдија е избран за претседател на Основен граѓански суд Скопје на денешната 463. Седница на Судски совет. Врз изборот на Авдија немаше никакво влијание анонимната претставка која вчера беше доставена до Советот, во која анонимниот испраќач тврди дека судијата Авдија е фатен во наводен љубовен скандал.

Авдија бил единствениот пријавен кандидат на огласот, а за него гласаа 11 членови на Советот.

Според членовите, тој го поминал тестот за интегритет и нема постапка, дициплинска повреда, ниту пак кривична одговорност за да гласаат против. За снимката беше посочено дека е од 2019 година и тоа не е причина да не биде избран, кога нема утврдени факти.

Ако се утврди дека има некакви причини да не ја врши таа функција ние како Совет ќе постапиме – изјави Мери Радева.

Покрај Авдија, членовите ја избраа Билјана Толова за судијка на Основен суд Неготино.

За претседател на Основен суд Кичево Советот го определи судијата Футурије Дервиши, еден од тројцата кандидати пријавени на огласот заедно со Амдије Зенгул и Билјана Кижевска.

Во Основен суд Крива Паланка едногласно беше избран судијата Орце Јанковски како единствен пријавен кандидат и со 12 гласа „за“ во Основиниот суд во Штип беше избран судијата Ацо Тасев.

На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет се и определување на ВД претседатели на Виш Управен суд, Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Кичево и Основен суд Неготино, како и одлука за утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот