Бесими: ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава

Направен е значаен чекор напред на односите на Република Северна Македонија со Групацијата на Светската банка, со тоа што стана земја-контрибутор (донатор) кон Меѓународната асоцијација за развој (ИДА), фонд на Светската банка. Во фондот членуваат сите земји-членки на Светската банка, а самиот факт дека започнавме да придонесуваме во фондот, значи дека нашата економија постигнала повисок степен на развој, пишува во најновата колумна, министерот за финансии, Фатмир Бесими и истакнува дека сигналите кои ги даваат меѓународните финансиски институции за македонската економија преку есенските проекции, повикуваат на внимателност, но исто така тие очекуваат нашата економија допрва да се развива и да испорачува резултати.

„Создаваме економски раст во услови на економска стагнација кај нашите главни економски партнери, и кризи кои не стивнуваат. Водиме прудентна фискална политика со намалување на буџетскиот дефицит, а притоа се обезбедуваат средства за поддршка на најраливите категории на граѓани и стопанството преку поволни кредити погодени од кризите, заштита на стандардот на граѓаните преку растот на платите и пензиите при намалување на инфлацијата (инфлацијата од 19.8% во октомври 2022 година се сведе на 6,6% во септември 2023 година и истата ќе продолжи со надолен тренд и натаму). Продолжува да се намалува невработеноста и во февруари 2023 година се сведе на 13,1% и истата пред Ковид беше 17,3%, после Ковид продолжува и трендот на намалување на сиромаштијата“, напиша Бесими.

Инвестициите растат, и истите достигна ниво од 35% од БДП во 2022 година (што е повисоко од нивото пред Ковид, а во 2020 година се симнаа на 29%), од кои само странските инвестиции достигнаа ниво од 5,2% од БДП што е значајно зголемување три години по ред, односно 1,4% и 3,3% во 2020 година и 2021 година., анализира министерот за финансии.

„Исто така, значаен придонес во расстот на инвестициите имаат и јавните инвестиции, кои се планираат оваа година на ниво од 5% од БДП што е двојно повеќе од поранечниот просек. Движењата во надворешната трговија во 2023 година придонесоа за намалување на трговскиот дефицит за 30% во однос на истиот период од 2022 година. Ваквите движења кои се резултат на економските политики и реформи придонесоа за подобрување и потоа одржување на кредитниот рејтинг на земјата во годините после Ковид кризата“, пишува Бесими.

Тој посочува дека ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава (од 1,4% на 2,5% раст на БДП во 2023 година) и покрај тоа што значително ја намали проекцијата за ЕУ и Германија, како наши трговски партнери, а исто така проспектите за раст на економијата се подобруваат на среден рок. Ова го покажува и Регионалниот економски извештај за Западен Балкан кој го објави деновиве Светската банка (на среден рок предвидуваат забрзување на економскиот раст), каде се посочува дека евроинтеграциите ќе го забрзаат реформскиот процес и ќе го зајакнат капацитетот за раст на домашната економија. Исто така, тие перспективите за раст ги базираат и на зголемените инвестиции и подобрување на инфраструктурата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот