Берлускони останува во болница, но веќе не е на интензивна нега

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој боледува од хронична леукемија и деновиве итно беше примен во болница, е отпуштен од одделот за интензивна нега, но сѐ уште е на клиниката во Милано, каде се лекува од акутна инфекција на белите дробови, изјави денеска неговиот брат Паоло.

„Сè е во ред, тој излезе од интензивна нега“, ја пренесува миланскиот весник „Кориере дела сера“ изјавата на Паоло Берлускони пред да го посети својот 86-годишен брат во болница.

Болницата одби да ги коментира овие наводи, но соопшти дека утре ќе објави медицински билтен за состојбата на Берлускони, пренесе АП.

На 5 април Берлускони беше примен во болница поради пневмонија, а за време на хоспитализацијата неговите лекари открија дека боледува од хронична леукемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот