Берлин ќе наплаќа 250 евра за фрлено догорче од цигара, а за кучешки измет – 80 евра!

Пушење цигари цигара
Фото: илустрација / Unsplash/Andres Siimon

Германската престолнина Берлин се бори со нелегалното отстранување на отпадот. Затоа некои политичари предложија високи казни за оние што го прават тоа. Фрлањето догорчиња, најлонски кеси или чаши за еднократна употреба граѓаните наскоро би можело да ги чини 250 евра – наместо сегашните 55 евра, пишува „Феникс магазин“.

Надлежните сметаат дека итно се потребни измени и сметаат дека тоа ќе се постигне со зголемување на казните. Како што е наведено, милиони евра на даночните обврзници ќе бидат потрошени за отстранување на отпадот кој завршува на јавни површини и места кои не се определени за тие намени. Има тренд на нагло зголемување на буџетот наменет за чистење, а само во 2023 година за одржување на чистотата во Берлин се потрошени 12 милиони евра. Портпаролот на градското комунално претпријатие рече дека луѓето сè понеодговорно фрлаат ѓубре по тротоарите или гломазен отпад по улиците, поради што состојбата со чистотата е сериозно нарушена.

Надлежните најавуваат дека поради оваа причина отстранувањето на кабастиот отпад од дивите депонии или од јавниот простор наскоро веќе нема да чини 150, туку 4.000 евра. Казната за недозволено фрлање половни гуми може да биде не 800, туку 3.500 евра за секоја гума. Доколку сопственикот на кучето не го собере изметот на своето животно, наместо досегашните 55, ќе треба да плати казна од 80 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот