Белоруски дипломати физички нападнати во Лондон

Белоруско знаме/ Фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Белорусија соопшти дека група луѓе синоќа физички нападнале неколку нејзини дипломати, при што тешко раниле еден од нив и ја оштетиле фасадата на нејзината амбасада во Лондон, пренесува Еј-Би-Си њуз.

Еден од дипломатите добил медицинска помош поради скршен нос, благ потрес на мозокот и скршен заб, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница.

Некои биле приведени

Напаѓачите се обиделе да се скријат, но некои од нив биле приведени и се верува дека припаѓаат на радикалната емигрантска група наречена Наџеја, се наведува во соопштението на белоруското МНР.

Се чини дека истоимената група на Фејсбук ги поддржала членовите на белоруската политичка опозиција, која беше задушена во масовните антивладини протести минатата година.

Белоруското министерство соопшти дека повикало британски дипломати да одговорат на овој инцидент и да побара од нив да започнат целосна истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот