Белгиски турист убиен во Мексико, не се знае дали го каснала ајкула или крокодил

Зихуатанехо, Мексико / Фото Wendy Connett / robertharding / Profimedia

Еден белгиски турист е убиен вчера во мексиканскиот туристички град Зихуатанехо на брегот на Пацификот, соопштија локалните власти. Никој не знае дали туристот бил убиен од ајкула или крокодил додеќа пливал во океанот.

Канцеларијата за цивилна одбрана во јужната држава Гереро соопшти дека неидентификуваното животно каснало маж и жена за нозете.

Мажот починал на местото на настанот, додека жената е пренесена во болница. Државните власти соопштија дека мажот е од Белгија, а националноста на жената засега не е позната.

Тие додаваат дека експертите ги проучуваат повредите за да утврдат дали ги каснала ајкула или крокодил.

Доколку се потврди дека станува збор за напад на ајкула, тоа ќе биде втор смртен случај овој месец на овој брег на Мексико.

На почетокот на декември една Мексиканка почина откако ајкула ѝ ја каснала ногата недалеку од крајбрежниот град Мелака.

ВОЗНЕМИРУАЧКО ВИДЕО | Мајка загинала спасувајќи ја својата петгодишна ќерка од ајкула во Мексико

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот