Белгија забрани да се патува во нашата држава поради коронавирусот

По повеќе дена преговори, Белгија ја објави својата листа на дозволени дестинации за своите граѓани, Северна Македонија не спаѓа во нив, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со ова Белгија ја следи и препораката на Советот на ЕУ кој на 30 јуни објави препорака до сите 27 земји членки за отворање на границите. Белгија дури денеска го соопшти конечниот договор.

За Северна Македонија, Министерството за надворешни работи објаснува дека „бројот на случаи на Ковид-19 во Северна Македонија силно и постојано расте. Епидемиолошката состојба јасно се влоши од почетокот на јуни месец”.

Поради ова, белгиските власти оценуваат дека за нивните граѓани патувањата надвор од ЕУ, вклучително и Северна Македонија остануваат забранети.

Што се однесува до Србија и Црна Гора, кои се на белата листа на Советот на ЕУ, Белгија сепак одлучи дека само патувањата од „суштинско значење” се дозволени во овие земји. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот