Бектеши очекува млекото веднаш да поевтини

Млеко на рафт во маркет / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во делот на млекото и млечните производи очекувам веднаш да има намалување на цените, посебно сега со новиот Закон за заштита на потрошувачите, информира вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој изјави дека во Секторот за трговија барал да извадат податоци за делот на цените кои се увезени во нашата земја.

-Во моментот кога ќе биде на сила одлуката од 1 декември, дополнително да има намалување во делот на млекото и млечните производи. Мислам дека таму има големи маржи, спротивно на тоа што е донесено како одлука на Владата. Веќе има насока Државниот пазарен инспекторат да влезе и да ги направи контролите, но се чекаше да помине Законот за заштита на потрошувачите. Вчера помина законот и веднаш ќе почне да постапува ДПИ, каде што ќе има и соодветни санкции. Завршени се сите обуки за инспекторите од ДПИ. Мислам дека од наредната недела ќе почнат да постапуваат согласното законско решение, рече Бектеши во гостувањето во „360 степени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот