Бектеши не е сигурен до каде е процедурата за законот за функционерските плати

Фото: Profimedia

Министерот за економија Крешник Бектеши не е сигурен до каде е процедурата за Законот за платите на функционерите. Одговарајќи на прашање за темата, тој ги упати новинарите да се обратат до Министерството за финансии и до вицепремиерот Фатмир Битиќи, бидејќи тој не бил дел од групата која го изготвува законското решение.

-Лично поддржав да има замрзнување на платите за функционерите, но не сум дел од групата која го работи законот. Барајте подетално објаснување од министерот Бесими и вицепремиерот Битиќи, тие се надлежни. Не сум сигурен до каде е оваа процедура – одговори Бектеши.

За потсетување, ќе се стори една година откако функционерските плати се зголемени до 78 отсто (март 2023), а во меѓувреме јавноста постојано бара одговори што се случува со ветувањето дека ќе има нивно намалување. Ваквото зголемување предизвика многу критики во јавноста и серија штрајкови во јавниот сектор, а надлежните се правдаат дека е потребно време за новото законско решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот