Беким Сали ниту потврдува, ниту негира дека ќе биде министер за здравство

Беким Сали / фото: Фејсбук

Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам дали ќе бидам новиот министер за здравство, изјави за Сител Беким Сали од Алтернатива, кој според најавите треба да го замени Венко Филипче на чело на ресорот.

Тој вели дека за кандидатот за министер одлучуваат партиските органи. Приватниот стоматолог има искуство во менаџирање на здравствениот систем бидејќи осум месеци во 2009 година бил шеф на кабинет на Бујар Османи, како и претседател на Управен одбор во ФЗОМ.

– Ние како партија, кога се одлучивме да бидеме дел од оваа влада, сакавме да покажеме дека сме одлучни да преземеме и важни одговорности во однос на извршната власт. Затоа прифативме да го земеме ресорот Здравство, кој е многу важен во овие моменти. Ние сме убедени дека можеме да дадеме придонес не само во поглед на менаџирање на пандемијата, туку и на целокупниот здравствен систем на државата. Секако тоа ќе биде обелоденето откако нашиот кандидат ќе ја преземе функцијата, вели Беким Сали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот