Беџети: ДУП за Треска предвидува хотели, бунгалови и простор за рекреација

Фото Архива на СП

Хотели, трговски центар, објекти за привремено сместување и простор предвиден за рекреација предвидува новиот ДУП за Треска на Општина Сарај.

-Блокот еден на површина од 31 хектар предвидено е да се намени за спорт и рекреација, во блок 2 на површина од 10 хектари ќе бидат изградени бунгалови со максимална височина од 10.20 метри и П+2+Пк односно приземје, два ката и поткровје. Во блокот 3 е предвидена изградба на хотели на површина од 8 хектери со максимална висина од 4.50/11.50 метри и максимален број катови од П/П+2+Пк (четири нивоа). Во блокот 4 предвидено е да се направат трговски објекти на површина од 1.1 хектари- рече денеска градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџити.

Рокот за реализација, како што истакна Беџити, ќе биде три години од почетокот на изградба. Во рамките на комплексот ќе има изградба на шанкови, соблекувални и детски реквизити. Водата од езерото ќе се чисти преку прочистителна филтер станица, а плажата ќе биде во должина од 30 метри.

Планот предвидува на влезот да има пазар на отворено на кој ќе се продаваат би земјоделски производи, кулинарски специјалитети и рачни изработки. Инвестицијата ќе биде околу 200 милиони евра.

Блерим Беџети: Не е вистина дека на местото на езерце Треска ќе се гради болница или трговски центар

Шилегов: Ништо не се работи на самото езеро Треска, туку во неговата околина

Треска ги „стресе“ градоначалниците: Шилегов за Коце – опозицијата ја користи секоја можност за да ме обвини!

ЈКП Сарај: Не е точно дека некој краде опрема од езерото Треска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот