Шилегов: Ништо не се работи на самото езеро Треска, туку во неговата околина

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска информира дека на самото езеро Треска не се работи ништо, туку во неговата околина и оти се реализира Деталниот урбанистички план (ДУП). Според него, Општина Сарај мора што побрзо да го претстави ДУП-от пред јавноста за да нема шпекулации дека на таа локација ќе се градат објекти наменети за друга дејност, а не за туризам.

– На самото езерце не се работи, туку во неговата околина, односно нејзино урбанизирање. Некогаш некои политички структури, заради личен политички интерес, пренесуваат и прикажуваат лажна состојба дека се уништува езерото и дека нешто се случува со самото езеро. Не се случува ништо во самото езеро, туку со околината и се реализира деталниот урбанистички план. Мое мислење е дека треба да се работи за граѓаните, на граѓаните треба да им се презентира пред било што биде започнато за да не дојде до некакви збрки. И на сопствениците на приколки кои се таму со децении од целиот тој концепт може да се најде доволно простор, рече Шилегов.

Потенцира дека во изборната кампања на локалните избори кажал дека преку јавно-приватно партнерство има намера да го врати езерото во функција. 

– Во изборната кампања кажавме дека ќе влеземе за ревитализација и за враќање на езерото Треска преку приватно-јавно партнерство. Тоа нешто во моментот се случува. Од тоа што сум известен, урбанистите на градоначалникот на Општина Сарај беа ковид позитивни и затоа не можеше да биде извршена презентацијата. Мислам дека во текот на утрешниот или задутрешниот ден ќе се вратат на работа и би било добро да биде презентиран Деталниот урбанистички план пред граѓаните, со цел тие да имаат претстава за што всушност станува збор, рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот