Бебе Реџа одговори на бизарните гласини: Не сум мртва!

Profimedia
Бебе Реџа/ Фото: Profimedia

На социјалните мрежи започнаа да кружат бизарни гласини дека поп-пејачката со косовско потекло, Бебе Реџа, се предозирала и дека потоа починала. Таа ги демантираше овие обвинувања на својот твитер -профил.

„Боже, ме нема три дена и на Интернет започнаа да кружат гласини дека сум мртва и дека сум се предозирал“, напиша таа на оваа социјална мрежа.

Реџа подоцна ги сподели лажните вести кои наводно ги објавил Си-Ен-Ен, а во кои има и изјава од нејзиното раководство и членовите на семејството.

Подоцна се пошегува, изјавувајќи дека сега станала дух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот