Бебе изгризено 25 пати во градинка (ВИДЕО)

Фото: Принтксрин

Бебе од 14 месеци било гризнато 25 пати во градинка, а кога мајката Алис дома го пресоблекла бебето не можела да верува што гледа.

Ќеркичката оди во градинка во градот Тусон во американската сојузна држава Аризона, а кога мајката дошла по неа, воспитувачките ништо не ѝ рекле.

Што се случило тој ден во градинката сфатила дури откако дошла дома и почнала да ја пресоблекува својата ќерка.

Девојчето имало повеќе од 25 угризи по грбот.

– Желудникот ми се преврте кога ја соблеков ќерка ми и ги видов црвенилата. Бев бесна и тажна во исто време. Во првиот миг не можев да верувам дека тоа се траги од гризење. Имаше повеќе од 25 угризи – раскажала Алис за локалните медиуми.

Мајката веднаш го пријавила случајот во полиција, а тамошните власти го истражуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот