Бартомеу знае уште колку ќе игра Меси во Барса!

twitter/barselonafans

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, кажа уште колку ќе игра Лионел Меси во каталанскиот клуб.

Аргентинецот е ученик на фудбалската академија на Барселона, а член е на првиот тим уште од 17 години.

– Нема сомнение дека Меси е сè уште млад, сè уште силен. Тој сè уште е амбициозен. Се разбира, ако Лео се чувствува силно, сите ќе сакаат да го продолжат договорот со него на неопределено време. Така, Меси ќе игра две, три, четири или пет години. Не се сомневам во тоа. Откако Лео ќе ја заврши својата играчка кариера, тој ќе остане поврзан со Барселона до крајот на животот – рече Бартомеу.

Оваа сезона Меси има настапено на седум натпревари во шампионатот на Шпанија, на кои постигна осум гола и направи четири асистенции.

Каталонците во „Ла Лига“ се наоѓаат моментно на првото место со 25 бодови, колку што има и Реал Мадрид на втората позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот