Барселона со победа го одбележа јубилејот на Меси

twitter/UEFA Champions League

Барселона со 3:1 ја совлада Борусија Дортмунд и го обезбеди првото место на табелата во групата Ф. Дуелот со „милионерите“ беше специјален за Лионел Меси, тој по 700. пат го носеше дресот на Барселона, а јубилејот го зачини со гол. Останатите два гола ги постигнаа Луис Суарез и Антоан Гризман, додека голот за Борусија го постигна Џејдон Санчо.


Во истата Ф група, Интер со 1:3 ја совлада Славија Прага и остана во трката за освојување на второто место. Напаѓачкото дуо Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку беше во елемент и ги постигна трите голови.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас иако беше најавен во првиот тим, сепак дуелот на Наполи против Ливерпул го започна на клупата за резервни играчи. Елмас влезе во игра во 81. минута, а неговиот тим успеа да остане непоразен на „Енфилд“ играјќи 1:1. Дрис Мертенс го отвори резултатот во првото полуврмее, додека во 67. минута, Дејан Ловрен погоди за европскиот шампион.

Резултати:

Валенсија – Челси 2:2
Зенит – Олимпик Лион 2:0
Барселона – Борусија Дортмунд 3:1
Генк – Салзбург 1:4
Лил – Ајакс 0:2
Ливерпул – Наполи 1:1
Лајпциг – Бенфика 2:2
Славија Прага – Интер 1:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот