Барди и Милевски во изборот на ФИФА гласале за Халанд

Фото: ФФМ

Лионел Меси и Ерлинг Халанд освоиле ист број на бодови на денешното гласање за играч на годината во изборот на ФИФА, но на крајот признаието заврши во рацете на Аргентинецот.

Меси и Халанд освоиле по 48 бода, пред Мбапе кој иал 35. Причината поради која Меси е победникот е затоа што во гласањето на селекторите и капитените на репрезентациите, новинарите и фановите, Меси добил 107 номинации како првопласиран, а Халанд само 64.

Кога во прашање се македонските претставници, селекторот Благоја Милевски максимален број на бодови му дал на Ерлинг Халанд, додека на второто и третото место ги подредил Хулијан Алварез и Родри. Барди покрај Халанд им дал бодови уште на Мбапе и Меси.

ФИФА ги подели наградите: Меси повторно најдобар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот