Бајден размислува за испорака на противтенковски беспилотни летала – камикази за Украина

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски противтенковски беспилотни летала – камикази „Switchblade” во Украина, како дел од одбранбениот пакет од една милијарда долари, чија цел е да одговори на барањата за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави МејлОнлајн.

Малите, лесни и релативно евтини оружја – камикази, кои всушност претставуваат бомби со далечински управувач, се произведуваат во две верзии и се дизајнирани да гаѓаат тенкови или артилериски позиции.

Се верува дека со истите ракети е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани за време на управувањето на Доналд Трамп во 2020 година, потсетува британското издание.

Ен Би Си Њуз, од своја страна, соопшти дека се уште не е донесена одлука. Според американската ТВ мрежа, постојат две варијанти на оружјето „Switchblade” – 300 и 600, кои на американската армија и ги доставува производителот на оружје AeroVironment. Типот „300″ е дизајниран за прецизни напади против воен персонал, а „600″ можат да уништат тенкови и други оклопни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот