Бајден: Нема да се извинам за мојата изјава, таа беше упатена кон рускиот народ

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека разговарал со рускиот народ кога за време на говорот во Полска рекол дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“.

„ Му се обратив на рускиот народ“, изјави Бајден за Си-Ен-Ен. Тој вели дека „последниот дел од говорот бил разговор со Русите“.

„Ова му го соопштив не само на рускиот народ, туку и на целиот свет. Ова е само изјава на едноставниот факт дека ваквото однесување е целосно неприфатливо. Целосно неприфатливо. А начинот на справување со ова е да се зајакне и да се задржи НАТО целосно обединето за да и помогнеме на Украина каде што можеме“.

Забелешката на Бајден да се стави крај на владеењето на Путин е алармантна, велат од Кремљ

„Нема да се извинувам“

Тој вели дека неговата порака била дека „лошите луѓе не треба да продолжат да прават лоши работи“ и дека тоа не е најава за нова американска политика. Бајден, исто така, рече дека нема да се извини за неговата изјава.

На крајот од разговорот тој истакна дека НАТО никогаш не бил посилен од денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот