Бајден најави нови напади по синоќешните на 85 локации во Ирак и Сирија

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американската војска изврши воздушни напади во Ирак и Сирија врз повеќе од 85 цели поврзани со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и проиранските милиции, соопшти американската војска. Синоќешните напади следеа по неодамнешниот напад во Јордан во кој загинаа тројца, а беа ранети 40 американски војници. Според американскиот претседател Џо Бајден ова е само почеток на нивниот одговор.

САД не сакаат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Но, нека го знаат ова сите оние кои сакаат да ни наштетат: ако му наштетите на Американец, ние ќе одговориме, рече Бајден.

Иако не беа погодени цели во Иран, нападите најверојатно ќе ја зголемат загриженоста поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток поради повеќе од тримесечната војна на Израел со Хамас во Газа.

Во соопштението на американската војска се вели дека се погодени командни и контролни центри, капацитети за складирање на проектили, проектили и беспилотни летала и објекти за логистика и синџир за снабдување со муниција.  Целта на нападите биле силите Кудс, паравоена група на ИРГЦ за воена шпиунажа.

Сириските државни медиуми  објавија дека вчерашните американски напади на места во пустинските области и на сириско-ирачката граница резултирала со бројни жртви и повредени. Претходно во петокот, лидерите на Бајден и на Пентагон присуствуваа на комеморацијата во воздухопловната база Довер во Делавер за тројцата американски војници убиени во нападот во Јордан.

САД сметаат дека дронот во кој загинаа тројца војници и рани повеќе од 40 луѓе е изработен од Иран, изјавија американски претставници за Ројтерс.

Пред вчерашните напади , иранскиот претседател Ебрахим Раиси рече дека Иран нема да започне војна, туку „силно ќе одговори“ на нападите.

ИРГЦ неодамна го намали распоредувањето на високи офицери во Сирија поради серијата смртоносни израелски напади. Американските трупи биле нападнати повеќе од 160 пати во Ирак, Сирија и Јордан од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври со кој започна војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот