Бајден: Членот 5 на НАТО е света обврска за САД

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

Претседателот на САД, Џо Бајден, пред почетокот на лидерскиот самит на НАТО, пред новинарите изјави дека членот пет од Повелбата на Северноатлантската алијанса е света обврска за неговата земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е првиот самит на НАТО за Бајден како претседател на САД, тој најави дека “САД се враќа” во Алијансата како и во меѓународните односи, по четиригодишниот мандат на неговиот претходник кој предизвика тензии со сојузниците на НАТО.

-НАТО е критично важна за интересите на САД, да не постоеше ќе требаше да ја измислиме, таа им овозможува на САД да го водат својот бизнис во светот, рече американскиот претседател.

Тој инсистираше на важноста на членот пет од Повелбата на НАТО кој гласи дека напад врз една земја членка е напад врз сите.

-Членот пет за нас е света обврска. Кога Америка беше нападнати сите направија исчекор и го испочитуваа членот пет, сакам цела Европа да знае дека САД е тука, рече Бајден.

Тој ја поздрави и одлуката донесена во 2014 да се зголемат буџетските стапки за одбрана во сите земји членки на Алијансата. Бајден ги поздрави и десетте земји кој веќе ја постигнаа целта од два отсто од БДП за одбрана и посочи дека другите земји се на пат да ја остварат оваа преземена обврска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот