Бајден: Американските напади во Јемен не ги запреа нападите на Хутите во Црвено Море

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските напади врз јеменските бунтовници Хути не ги запреле нивните акции во Црвеното Море.

На прашање на новинарите во Вашингтон дали американските напади имаа ефект, Бајден одговори негативно.

-Кога ќе кажете дали ги запираат Хутите – не. Но дали нападите ќе продолжат – да, рече американскиот претседател.

Јеменските бунтовници продолжија да ги напаѓаат бродовите во сопственост на САД, а Пентагон соопшти дека во нив не е забележана штета и нема повредени, јавува Би-Би-Си.

Пред тоа американските сили пет пати по ред ги бомбардираа позициите на бунтовниците, а Белата куќа соопшти дека во нив се уништени ракетите што Хутите сакале да ги лансираат кон Црвеното Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот