Баерн може и со 12 играчи: Спортскиот суд ја одби жалбата на Фрајбург

Контроверзен момент на натпреварот Фрајбург - Баерн Минхен/Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Спортскиот суд ја одби жалбата на Фрајбург на натпреварот против Баерн, во кој минхенскиот тим имаше 12 играчи на теренот за краток период од играта, пренесува „Дејли Мејл“.

Баварците го добија тој натпревар со 4:1 и така на шест натпревари пред крајот на Бундеслигата имаат девет бода предност пред Борусија Дортмунд.

Грешката ја направи некој од клупата на Баерн откако му подаде хартија на четвртиот судија со погрешен број на играчи кои треба да ја напуштат играта – беше внесен стариот број на Кингсли Коман (29), додека германската репрезентација играчот сега носи 11 на грб.

Затоа Коман остана во игра 17 секунди откако наместо него влезе Марсел Забицер.

Затоа Фрајбург поднесе жалба до Спортскиот суд, која беше категорично одбиена, а таков епилог неодамна најави легендарниот голман на баварскиот тим, Оливер Кан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот