Азербејџан и се закани на Ерменија со војна доколку не ги врати пограничните села, предупредува Пашанјан

Доколку Ереван не ги исполни барањата на Баку за враќање на пограничните села на Азербејџан, кои Ерменија ги смета за своја територија, може да избие војна, изјави ерменскиот премиер Никола Пашинјан.

Наша задача е да имаме граница која ќе стане бариера од меѓународна гледна точка и де јуре, а пукањето на оваа граница нема да биде прифатено. Ќе изградиме патишта, ќе им обезбедиме на (жителите на пограничните села) се што им треба. Онаму каде што е потребно ќе платиме дополнителен надомест. Но, сакам да опишам друго сценарио. Можеме да заминеме од овде. Тоа значи дека војната ќе започне до крајот на неделата, посочи Пашинјан.

Тој додаде дека дури знае како ќе заврши таквата војна, односно дека ќе го пречекаат на Плоштадот на Републиката во Ереван, каде граѓаните ќе го критикуваат и ќе го обвинуваат за неговата неактивност, иако ги имал потребните информации, пренесува РИА Новости.

Прес-службата на вицепремиерот на Азербејџан Шахин Мустафаев на 9 март објави дека Баку бара ослободување на селата за кои тврди дека биле окупирани од Ерменија, како дел од процесот на демаркација.

Фото: EPA-EFE/ARMENIA

Истовремено, азербејџанската страна не ги признава извештаите кои кружат во ерменските медиуми дека наводно 31 село се под окупација на Азербејџан.

Ерменските власти сметаат дека при демаркацијата ќе биде неопходно да се земе предвид постоењето на конкретни територијални ентитети, односно ерменската енклава Арцвашен на територијата на Азербејџан и азербејџанската енклава во Ерменија.

Агенцијата РИА Новости потсетува дека како резултат на меѓуетничката конфронтација во раните 1990-ти, двете страни во конфликотт ги анектирале овие енклави, а нивното првобитно население го замениле со доселеници од друго етничко потекло.

Пашинјан смета дека овој предлог на Азерјбеџан е неприфатлив поради патиштата кои минуваат низ ерменската енклава и го поврзуваат главниот град Ереван со Иран и со Грузија.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев неодамна изјави дека азербејџанската страна не сака војна со Ерменија, а целосната контрола над азербејџанската територија е суверено право на владата во Баку.

Коментирајќи ја изјавата на Пашинјан, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, информираше дека најновата тензија меѓу Ерменија и Азерјбеџан е резултат на консултациите на Ереван со Западот и оттаму на никаков начин не е поврзана со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот