Австрија ќе ги отстрани нацистичките симболи од куќата на Хитлер, еве како ќе ја пренамени

Се планира да се отстрани меморијалниот камен пред куќата кој го негира фашизмот и веројатно ќе се премести во музеј.

Од куќата на Адолф Хитлер во Австрија ќе бидат отстранети сите нацистички одбележја за да престане да ги привлекува екстремистите, најави денеска министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.

Куќата во градот Браунау ќе се преуреди во полициска станица, рече министерот.

„Полицијата е чувар на основните права и слободи“, истакна тој.

Трокатната куќа во центарот на Браунау ги привлекува неонацистите уште од 1950 година.

Министерството за внатрешни работи им наложи на историчарите и политолозите да го решат тој проблем.

„Исходот е неутрализација на целата локација“, рече вишиот инспектор во министерството Херман Фејнер.

За да се постигне тоа, архитектите на компанијата Марте.Марте одлучија суптилно да ги отстранат промените настанати во времето на нацистичката власт, кога приземјето попримило облик на тврдина и се преуредени покривите и прозорците.

Се планира да се отстрани меморијалниот камен пред куќата кој го негира фашизмот и веројатно ќе се премести во музеј, рече Фејнер.

Германскиот диктатор Хитлер (1889. – 1945.) ги поминал првите месеци од животот во таа зграда која подоцна ја купи Националасоцијалистичката партија.

На крајот од Втората светска војна куќата им е вратена на приватните сопственици, а нејзините простории ги користеле за училиште и работилници за лица со инвалидитет.

Австрија во 2017 година одлучи да ја заплени зошто сопственичката не се согласила на договорот за начинот на користење на таа недвижност во иднина.

Редизајнот на куќата треба да заврши на почетокот на 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот