Австралиски пилот и двајца патници киднапирани во Папуа Нова Гвинеја

Папуа Нова Гвинеја / Фото EPA-EFE/MAST IRHAM

Австралиски пилот и двајца локални работници се киднапирани во оддалечените ридови на Папуа Нова Гвинеја, се вели во денешното соопштение на полицијата.

Пилотот на хеликоптерот и патниците слетале во оддалечена телекомуникациска постројка во близина на планината Сиса во провинцијата Хела и биле киднапирани од вооружена група, се вели во соопштението на високиот претставник на папуанската полиција Дејвид Менинг.

„Сè укажува на тоа дека тројцата затвореници се неповредени иако се киднапирани. Преговорите со сторителите се во тек и полицијата им приоѓа“, рече тој.

Менинг рече дека полицијата е овластена да употреби смртоносна сила против киднаперите. Тројката била киднапирана во истата провинција каде што пред речиси точно една година биле киднапирани австралиски археолог и двајца истражувачи од Папуа, по што беа задржани повеќе од една недела додека за нив не беше платен откуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот