Фото: Profimedia / Instagam

Аукцијата траела само 10 минути: Виолината на Ајнштајн продадена за 860.000 фунти

Виолина што некогаш му припаѓала на еден од најпознатите научници во историјата, Алберт Ајнштајн, е продадена за 860.000 фунти на аукција, пренесува Би-би-си.

Се верува дека виолината на Кунтер од 1894 година била првата виолина на Ајнштајн, а првично се очекувало да достигне цена од околу 300.000 фунти кога била продадена на аукција во Англија.

Книга за филозофија што Ајнштајн му ја дал на пријател, исто така, е продадена за 2.200 фунти.

Сите цени ќе имаат дополнителна провизија од 26,4 проценти, што значи дека конечната цена на виолината ќе биде над 1 милион фунти.

Фото: Instagram / dominicwinterauctioneers

Аукциската куќа „Доминик Винтер“ верува дека, кога ќе се додаде провизијата, продажбата би можела да биде највисоката досега за виолина што претходно не ја поседувал концертен виолинист или не ја направил Страдивариус – претходниот рекорд го држел инструмент што веројатно бил користен на Титаник.

Крис Албери, специјалист за историски сувенири, ја опиша продажбата, која била завршена за околу 10 минути, како „посебен момент“.

– Имавме три телефонски наддавачи кои беа вклучени до самиот крај – изјавил Албери.

Алберт Ајнштајн свири на виолина, околу 1925 година / Фото:  – / brandstaetter images / Profimedia

Тој објасни дека многу луѓе не биле свесни дека Ајнштајн свири виолина.

– Ајнштајн секогаш велел дека ако не бил научник, би сакал да биде музичар. Почнал да учи виолина на четиригодишна возраст и свирел секој ден од својот живот – рекол Албери.

Седло за велосипед, исто така во сопственост на Ајнштајн, не се продало и може повторно да се најде на аукција.

Сите предмети кои се најдоа на аукцијата, му биле дадени на неговиот добар пријател и колега физичар Макс фон Лауе кон крајот на 1932 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот