Атлетико за 20 милиони евра купи репрезентативец на Аргентина

Науел Молина пет години во дресот на „јорганџиите“/Фото: EPA-EFE/ETTORE GRIFFONI

Аргентинскиот репрезентативец Науел Молина е нов играч на Атлетико. Потпиша петгодишен договор, потврдија од мадридскиот клуб.

На овој начин се исполни желбата на тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне, кој инсистираше да го доведе својот сонародник кој игра на десната страна – пред сè дефанзивец, но знае да игра и како и крилен напаѓач, во зависност од формацијата во која тимот ќе игра.

Атлетико наводно платил 20.000.000 евра на Удинезе за да го ангажира во своите редови.

Некои извори пишуваат дека обештетувањето е исплатено веднаш, додека други велат дека италијанскиот клуб сега добил 10.000.000 евра, а остатокот ќе го добие во наредниот период преку разни бонуси и клаузули.

Молина пристигна во Удинезе пред две години од Бока Јуниорс како 22-годишен и оттогаш значително напредуваше, толку многу што стигна до репрезентацијата на Аргентина, за која дебитираше во јуни 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот