Атина цврсто ја поддржува европската перспектива на Македонија и Албанија - Слободен печат

Атина цврсто ја поддржува европската перспектива на Македонија и Албанија

Неформалниот работен појадок на шефовите на дипломатиите од ЕУ и од Северна Македонија и Албанија, што се одржа во понеделникот во Брисел, по иницијатива на Грција, според грчки дипломатски извори поминал во многу подобра клима од претходни неформални состаноци со европски министри во рамките на грчките напори да им се помогне на двете земји да добијат датум, а како особено важен факт го посочуваат учеството на 20 министри, јави дописничката на МИА од Атина.

Иницијативата на Грција е во рамките на грчката политика заснована на солунската агенда според која Атина цврсто ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот.

Грчки дипломатски извори брифираат дека Атина ќе направи сѐ што може за да им помогне на двете земји, коментираат дека Грција сака на север да има стабилни соседи со европска иднина, а кога ќе созреат условите Северна Македонија и Албанија може да бидат најдобри сојузници на Грција.

Истите извори, како што јави дописничката на МИА од Атина, паралелно објаснуваат дека Грција е против раздвојување на кандидатурите, односно дека Северна Македонија и Албанија треба заедно, во пакет да добијат датум за почеток на пристапни преговори со унијата и истакнуваат дека пристапниот процес во ЕУ, паралелно е и процес на внатрешни реформи за самите земји.

Прочитај повеќе

Харадинај: Воспоставувањето на авиолинијата не значи укинување на таксите кон Србија

Слободен печат

54 отсто од граѓаните го подржуваат членството на Србија во ЕУ

МИА Агенција

Почнува изградба на нов кружен тек во Општина Чаир

МИА Агенција

Државата еднострано ќе ги укинува договорите за концесија на рудниците, ако оцени дека е загрозено здравјето на граѓаните

Костадинов: Добрата страна е што предметите на СЈО ќе имаат извесност

Слободен печат

Манчевски: Ги направивме првите клучни чекори за унапредување на дигиталните вештини

Слободен печат

Остави Коментар

twenty − 18 =

Прочитај повеќе

Што правеше посрамениот австриски политичар Штрахе во Белград (ФОТО)

Слободен печат

Шилегов: Најголем увозник на отпад е Макстил

Иран именуваше жена за амбасадор во Данска

Слободен печат

Царовска: Пробниот процес за дуално образование дава резултати, тестирани вкупно 135 ученици

Слободен печат

Уставниот суд не поведе постапка за амнестијата за „27 април”

МИА Агенција

Владата на Санчез побара од Парламентот по итна постапка да го ратификува Протоколот за НАТО

Слободен печат