Атанасов и Чурлинов пред Италија и Англија: Желни сме за успех, кога играме за Македонија нема изговори

Фото: ФФМ

Македонската А репрезентација ги започнува подготовките за натпреварите против Италија (17. ноември) во Рим и Англија (20. ноември) на Националаната арена „Тодор Проески“ од квалификаците за ЕП 2024.

Во пресрет на двата последни меча од квалификациите за Европското првенство своите очекувања од подготовките и натпреварите ги истакнаа репрезентативците Јани Атанасов и Дарко Чурлинов.

„Среќен сум што се враќаме во националниот тим, не радува тоа што сите сме здрави и подготвени и посебно што во тимот се враќа Тихо Костадинов после долгата пауза поради повреда. Не очекува меч со Италија, натпревар кој очекувам да биде сосема поинаков од тој во Скопје. Се надеваме на успех, треба да бидеме компактни, желни за успех и се разбира да ги исполниме задачите на селекторот“, изјави Атанасов.

„Иако немаме шанса за пласман на Европско првенство, ќе дадеме се од себе, така ќе биде и овој пат, така е секогаш кога играме за Македонија. Знаеме какви светски сили се Италија и Англија. Ќе ги анализираме противниците, немаме што да загубиме и едноставно треба да одиграме максимално ангажирано. Секогаш е добро кога има конкуренција во тимот, во добра натпреварувачка форма сме и се надевам дека тоа ќе го искористиме. Ќе се обидеме да го спречиме италијанскиот состав да не победи. Играме за Македонија, а кога сме овде не постојат изговори“, дода Чурлинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот