„Астра-Зенека“: ЕУ го загуби правниот спор

АстраЗенека Фабрика
Фабриката на АстраЗенека/ Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Фармацевтската компанија „Астра-Зенека” соопшти денеска дека ЕУ го загубила правниот спор, покренат против оваа компанија поради доцнење во производството и испорака на вакцини против ковид-19.

Во соопштението на компанијата се наведува дека Европската комисија побарала од „Астра-Зенека” да испорача 120 милиони дози вакцини до крајот на јуни 2021 година, но судот во Брисел наложил испорака на 80,2 милиони дози до 27 септември 2021 година.

Со тоа, како што е соопштено, е одбиено барањето на ЕУ за испорака на дополнително количество вакцини до крајот на овој месец.

Британско-шведската компанија претходно се обврза со договор дека ќе направи се што може до крајот на јуни да испорача 300 милиони дози за земјите од ЕУ, но проблемите со производството доведоа до тоа компанијата да ја намали својата цел на 100 милиони вакцини.

Намалувањето на испораката го одложи процесот на вакцинирање во Унијата во првиот квартал од годинава, бидејќи европскиот блок тогаш сметаше на „Астра-Зенека“ како на најголем снабдувач со вакцини.

Компанијата изрази надеж во одновување на соработката со ЕК во борбата против пандемијата во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот