Асад пристигна на гости кај Путин во Москва

Американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан и Владимир Путин/ Фото EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска пристигна во Москва во својата прва официјална посета надвор од Блискиот Исток по разорниот земјотрес, јавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на Асад, објавено на „Телеграм“.

Асад во рамки на посетата ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Тој е придружуван од голема делегација сириски министри.

Во соопштение Кремљ наведе дека двајцата лидери ќе разговараат за соработката во политиката и трговијата, како и во хуманитарната област. Тие ќе зборуваат и за „перспективите за целосно решавање на ситуацијата во и околу Сирија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот