Арсовски: Нина си ги повлече парите, но никој не знае дали ќе има и за граѓаните

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Власта свесно дозволи Еуростандард банка да пропадне, и создаде афера тешка 200 милиони евра, а со тоа е и свесен причинител на хаосот и неизвесноста кој им се случува на стотина илјади граѓани во Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај Нина Ангеловска виновен е и Зоран Заев, кој за случајот Еуростандард знаел цела година и не преземал ништо е директно виновен за штета која им се случила на сите граѓаните штедачи во банката, примателите на пензија и социјална помош од истата, но и оние кои од таму земале плата, но вклучително и  врз акционерите кои што имале акции во истата банка. Дополнително ако се додаде и фактот дека струмички фирми се дел од фирмите кои со над 50 милиони евра непокриени кредити, поради кои банката пропадна се дел од цела оваа конструкција се поставува прашањето дали некој свесно ја однел банката во пропаст?!- запрашува Арсовски.

Струмичките компании, потенцираше тој, преку кои се изнесувале парите во форма на кредити од банката се сомневаме дека се блиски директно до Зоран Заев.

-Тоа се истите компании кои се партнери во бизнисите на семејството Заеви- рече Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот