Антонио Конте повеќе не е менаџер на Тотенхем

фото: EPA-EFE/Neil Hall

Антонио Конте и Тотенхем ја прекинаа соработката по 16 месеци, а истата беше официјализирана во неделата вечерта.

Последниве денови имаше многу шпекулации за оваа разделба, особено откако Конте ги нарече неговите играчи себични и ја критикуваше културата на клубот. Тоа се случи по разочарувачкиот резултат и ремито против Саутемптон.

Го остава тимот на Тотенхем моментно на четвртото место во Премиер лигата, но е елиминиран од сите куп натпреварувања сезонава.

По Маурицио Покетино, кој беше менаџер долги години, Тотенхем е во големи проблеми да најдат стручњак кој би направил резултат. По Аргентинецот беа Жозе Мурињо, Нуно Еспирито Санто, а сега е сменет и Конте.

Помошникот на Конте, Кристијан Стелини, ќе остане на функцијата главен тренер до крајот на сезоната, а ќе му помага поранешниот фудбалер Рајан Мејсон.

– Ни остануваат уште 10 натпревари во Премиер лигата и продолжуваме да се бориме за пласман во Лигата на шампионите – рече Даниел Леви, претседателот на Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот