Ангеловски: Да покажеме добар фудбал, не сме фаворити против Грузија!

фото: ffm.mk

Капитенот Пандев вели дека тимот не е 100% подготвен, но во националниот дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така можеме до посакуван резултат.

Македонската фудбалска сениорска репрезентација утре (вторник, 8. септември 2020 год.) ја очекува вториот натпревар од Лигата на нации во Лигата „Ц“ против Грузија во Тбилиси. Дуелот е од 18.00 часот на Динамо Арената „Борис Пајчадзе“.

Во првото коло триумфиравме со 2:1 против Ерменија, додека Грузијците беа подобри од Естонија (0:1).

Игор Ангеловски, селекторот нашата А селекција смета дека во групата „2“ нема репрезентација која се одвојува како фаворит за првото место кое води во повисок ранг, поточно Лигата „Б“.

– Ја започнавме групната фаза со победа, но мислам дека утре не сме фаворити. Сите четири селекции се со еднакви шанси. Нè чека тежок меч, бидејќи Грузија има добра селекција. Не можам детално да зборувам за планот на утрешниот натпревар, но секогаш ја подготвувам екипата за да можеме да играме најдобро. Ќе се обидеме да покажеме добар фудбал. Би сакал тука да дојдеме повторно во ноември и да играме во финалето на плејофот за пласман на ЕП 2020. Сега сме фокусирани на утрешниот дуел – рече Ангеловски на денешната прес конференција.

Капитенот на „црвено-жолтите“, Горан Пандев се надева дека победничка ќе биде атмосферата и после ова гостување.

– Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени, но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат – вели Пандев, играчот на Џенова.

Без Тричковски и Ристевски на натпреварот во Тбилиси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот