Ангеловска: Ќе се поттикнува купување на домашни производи со поголем поврат на ДДВ

За странските производи, пак, со уредбата повратот се намалува од 15% на 10%, повторно во насока на стимулирање на купување на домашно производство.

Граѓаните кои ќе купуваат домашен производ, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15% отсега ќе добиваат 20%. Ова е утврдено со владина уредба донесена вера, во насока на поттикнување на купување на македонски производи во насока на ревитализирање на македонската економија.

– Со поттикнување на потрошувачката на домашните производи и услуги им помагаме на вработените во производствените капацитети, на угостителите, на занаетчиите…на нашите пријатели, соседи, познаници, но и сограѓани кои не ги познаваме, а сега навистина им е потребна нашата поддршка. Таа поддршка можеме да им ја дадеме, така што наместо странски производ, ќе одбереме домашен. И ние знаеме и умееме да креираме квалитетни производи и услуги. Поддршката на домашните компании е од големо значење, особено сега кога сите земји даваат поддршка на националното производство и услуги – вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

За странските производи, пак, со уредбата повратот се намалува од 15% на 10%, повторно во насока на стимулирање на купување на домашно производство.

Во МојДДВ учествуваат над 290.000 граѓани, кои даваат придонес во борбата против сивата економија. Со измените кои се донесени, тие ќе се приклучат и во поддршката на домашната економија, на домашните фирми, на зачувувување на работните места на граѓаните, соопшти Министерството за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот