Ангелов: Сѐ уште се трага по лицата кои со автомобил паднаа во реката Лепенец

Стојанче Ангелов - ЦУК / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Тим нуркачи сѐ уште трага по трите лица кои вчера со автомобил паднаа во реката Лепенец. Потрагата се одвива во исклучително тешки услови бидејќи реката е длабока и многу брза, а со себе носи и предмети кои се опасност за нуркачите, информираше за МИА, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Во меѓувреме Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека екипи од Одделот за специјални полициски операции трагаат по три лица во реката Лепенец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото завршило во Лепенец откако автомобил „фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „бмв“ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец

Едно лице беше извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“. Засега причините за сударот сѐ уште се утврдуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот