Ангела Меркел ја доби највисоката државна награда: Дали таа ја заслужи честа?

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска ѝ ја врачи највисоката државна награда „Големиот крст за заслуги“ на поранешната канцеларка Ангела Меркел. Но, ова доаѓа во период кога нејзиното политичко наследство сѐ повеќе се критикува и оспорува.

Па така, коментаторот на „Дојче Веле“ Албрехт фон Луке оцени дека времето што Меркел го помина како канцеларка претставува „16 изгубени години“. Според него, е „сосема прерано“ да ѝ се додели ваква награда на поранешната канцеларка бидејќи, како што истакнува, сѐ уште не е јасно што е заслуга, а што неуспех.

Други ѝ даваат заслуга затоа што, според нивното мислење, таа успешно ги бранеше интересите на Германија и на Европската унија во период на огромни пресврти.

„Таа успеа да ја задржи Европската Унија заедно и да ја зајакне во бурни времиња“, вели за „Дојде Веле“ Лукас Шрам, политиколог од Универзитетот во Минхен.

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Имено, во периодот додека Меркел ја извршуваше функцијата канцеларка, Европската Унија се соочи со банкарската, должничката и бегалската криза, „Брегзит“ и негативниот став на САД за време на мандатот на Доналд Трамп, пишува „Дојче Веле“.

Меѓутоа, за време на нејзиниот мандат, Германија не успеа да ги постигне целите за намалување на емисиите на стакленички гасови, истакнуваат критичарите. Тие ја обвинуваат и дека била премногу мека кон Русија, додека зголемената енергетска зависност на Германија од Русија за време на нејзиниот мандат сега се толкува како грешка.

Според „Дојче Веле“, дебатата за наследството на Ангела Меркел ни оддалеку не е завршена и ќе има влијание од претстојните настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот