Анџелина Џоли по 21 година работа се повлече од должноста специјален пратеник на УНХЦР

Profimedia
Фото: Profimedia

Актерката беше најголемите промотори на добротворни акции и амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

По 21 година служба, холивудската актерка Анџелина Џоли се повлече од функцијата специјална пратеничка на УНХЦР затоа што сака да „работи поинаку“ и на пошироки хуманитарни прашања, објави УНХЦР.

„По 20 години работа во составот на ОН, чувствувам дека е време да работам поинаку, директно ангажирајќи се со бегалците и локалните организации“, објасни актерката, според соопштението на УНХЦР.

„Анџелина Џоли е важен хуманитарен партнер на УНХЦР многу долго време. Ние сме благодарни за нејзината десетгодишна служба, нејзиниот ангажман и значењето што го имаше за бегалците и луѓето принудени да бегаат“, рекол високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Како специјален пратеник на ОН, Џоли беше во повеќе од 60 мисии ширум светот, привлекувајќи го медиумското внимание на прашањето за бегалците. Таа неодамна ги посети Јемен и Буркина Фасо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот